#ТРЕНД

Синот на Аца Лукас ќе стане таксист

Објавено на

Дваесет и петгодишниот син на Аца Лукас Лазар Вуксановиќ се вработил како таксист, пишуваат српските медиуми. Лазар вели дека сака да застане на свои нозе и дека не сака повеќе да зема пари од неговиот славен татко.

Тој има желба еден ден да стане менаџер, но вели дека се уште е млад за да се занимава со тоа. Лукас му купи кола за да му помогне да заработи. Лазар веќе со месеци нема работа, а пари зема од тактко му.

„Тој се јави во една такси компанија и веќе закажа интервју. Некои му велат дека веднаш ќе ја добие работата, но јас не сум сигурен дека ќе го вработат, затоа што замислете колку е интересно низ Белград да ве вози сино на најпознатиот фолкер на Балканот“, вели извор близок до Лукас.

Пејачот често вели дека неговите деца се самостојни и самите се борат за своето место под сонцето. Неговата ќерка веќе работи како шминкерка, а по нејзиниот пример, сега и синот ќе се проба како таксист.

Трендинг

Exit mobile version