Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Сите го отпишуваат Ѓоковиќ, но токму тоа може да биде неговото најсилно оружје

Медиасет.мк
пред 3 месеци
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Во пресрет на полуфиналето на Вимблдон против Јаник Синер, повторно се отвора прашањето дали ова е последната реална шанса Новак Ѓоковиќ да стигне до рекордната 25. гренд слем титула. Иако обложувалниците го сметаат за изразен аутсајдер, многумина веруваат дека шансите се многу поизрамнети отколку што покажуваат квотите.

Вимблдон со години е турнирот на кој српскиот тенисер игра најдобро. Неговото движење на тревната подлога, исклучителниот ритерн и сигурниот сервис се оружја што и понатаму го прават исклучително опасен противник, без разлика на возраста.

Во последните две сезони на гренд слем турнирите Ѓоковиќ не успеваше да ги совлада и Синер и Карлос Алкараз на ист турнир. Кога ќе го победеше едниот, другиот го запираше на патот кон титулата. Овојпат Алкараз не настапува поради повреда, па единствената голема пречка на патот кон финалето е Италијанецот.

Иако Синер е прв светски рекет и фаворит, дел од тениската јавност смета дека неговата доминација во последните месеци не е толку убедлива како претходно. Дополнително, Ѓоковиќ веќе двапати го совлада во полуфинале на Вимблдон, што му дава дополнителна самодоверба.

Новак на овогодишниот турнир повторно покажа дека знае како да победува и во тешки мечеви, а неговото искуство на Централниот терен останува фактор што не смее да се потцени. Од друга страна, Синер до полуфиналето стигна убедливо, но противници од највисока класа речиси и да немаше.

Токму затоа, многумина сметаат дека сценариото во кое Ѓоковиќ ќе се бори рамноправно, па дури и ќе има шанса за победа, е многу поверојатно отколку убедлив пораз, како што прогнозираат дел од аналитичарите и обложувалниците. Дуелот меѓу двајцата ќе покаже дали искуството и традицијата на Вимблдон повторно ќе бидат пресудни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 5 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања