Медиасет

Скандалозно: Армани и Диор под истрага

Објавено на

Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека отворила истрага за можна експлоатација на работници во синџирите на снабдување на луксузните модни брендови Армани и Диор.

Според регулаторот, модните компании во некои случаи продавале производи од работилници каде работниците биле недоволно платени, со долги работни часови и ангажирани во спротивност со прописите за безбедност.

Спроведена е истрага во деловните простории на тие модни компании во Италија, се вели во соопштението на регулаторот објавено денеска.

Истрагата веќе покажа дека Армани и Диор ги експлоатираат работниците, „двете компании можеби објавиле лажни извештаи за деловната етика и општествената одговорност, особено во однос на работните услови и почитувањето на законот кај нивните добавувачи“, се вели во соопштението.

„Истрагата треба да покаже дали компаниите прибегнале кон нелегални работни практики во производството и продажбата на нивната скапа стока“, се додава во соопштението.

Условите за работа кај добавувачите со договор се во целосна спротивност со високите производни стандарди со кои се фалат Армани и Диор во своите реклами.

Според регулаторот, таквата практика го прекршува италијанскиот закон за заштита на потрошувачите.

Според медиумите, истрагата на јавното обвинителство во Милано веќе покажала дека работилниците во Италија кои произведуваат стоки за Армани и Диор ги експлоатираат работниците за производство на висококвалитетни производи по многу ниски цени во споредба со малопродажните цени.

Трендинг

Exit mobile version