Медиасет.мк

#АМАЗОШТО

Скопјанка со тежок облик на коронавирус се лекувала сама, се расплакала од гест на лекарка

Порталот СДК.МК објави сторија за скопјанка која оздраве од коронавирусот и која решила да се лекува дома иако немала лесна форма на болеста. Таа за СДК.МК вели дека е восхитена и трогната од пожртвуваноста, професионалноста и човечноста на лекарите од Центарот за јавно здравје кои ја лекувале со домашни посети. Триесетгодишната девојка која живее сама и била сама во текот на целото боледување, вели дека најважно е да се биде максимално отворен и транспарентен со медицинските лица за целокупната своја здравствена состојба, зашто само така ќе може лекувањето да биде успешно.

„Мора секогаш да се биде отворена со лекарите, да не се кријат други дијагнози или состојби. Јас пред неколку месеци имав прележано бронхопневмонија, и уште кога влегов во самоизолација, на ливче си ги напишав сите претходни здравствени состојби и си го ставив во паричникот, за ако ми е толку лошо да не можам да зборам, лекарите да имаат точна и веродостојна историја на болестите“, вели скопјанката која сака да остане анонимна оти се разболела на работното место, на самиот почеток од епидемијата.

Битката со коронавирусот траела месец и пол.

„Немам зборови да ја опишам пожртвуваноста, професионалноста и човечноста на лекарите од Центарот за јавно здравје, им симнувам капа. Првиот ден кога дојдоа останаа многу подолго од предвиденото. Ми беше лошо, немав сила да се движам. Кога ме виде таква, една лекарка ми рече – Ќе ти сварам супа, ќе те закрепне. Ми дојдоа солзи на очи, ме трогна длабоко. Тие лекари ми го спасија животот“, рекла скопјанката.

Погледнете повеќе на СДК.мк

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: