Медиасет

Скопје на листата најдобри градови во светот за соло патување

Објавено на

Самостојното патување низ светот може да биде ослободувачко искуство, а платформата GuruWalk објави листа на најдобрите градови за патници кои истражуваат сами.Анализирани биле резервациите за пешачки тури во последните 12 месеци, а меѓу 150-те најпопуларни градови биле издвоени оние со најголем удел на соло патници.На првото место се најде Торонто, каде што повеќе од половина од туристите кои резервирале тури преку GuruWalk патувале сами – 50,5 проценти.Второто место му припадна на Санта Ана, додека трет е Сао Паоло. Во топ-листата следуваат Тајпеј и Куала Лумпур.Интересно е што меѓу најдобрите 10 градови се најдоа и два балкански града. Скопје е на осмото место, а Белград ја затвора листата на десетте најдобри дестинации за соло патници.Најдобри градови за соло патници:Торонто, КанадаСанта Ана, Ел СалвадорСао Паоло, БразилТајпеј, ТајванКуала Лумпур, МалезијаЛа Паз, БоливијаХонгконгСкопје, МакедонијаСингапурБелград, Србија

Трендинг

Exit mobile version