Медиасет.мк

#ЖИВОТ

„Skopje Calling“ со подобри артисти од било кога: Видете кој ќе биде на сцената и трк по карти

„Авалон продукција“ го најави годинешното издание на „Skopje Calling“, за кое велат дека се враќа во старата омилена електронска форма, како еднодневен фестивал, на стара локација – стадионот на АРМ! Фестивалот ќе се одржи на 5 јуни, а ќе го отворат Cyrillic, после нив доаѓа диџејот познат кај нас по добрата забава во Охрид, Maurice West.

„Потоа е на ред еден од најактуелните светски хит мејкери Mahmut Orhan кој доаѓа за прв пат во Македонија на голема сцена, како што му прилега на еден толку квалитетен диџеј. Како ултимативни хедлајнери на вечерта се VINI VICI, големите ѕвезди на џиновските светски електронски фестивали. За шоуата на Vini Vici навистина не треба да се трошат зборови- тоа е нешто што мора да се доживее. За да биде line up-от совршен, како late night closing set ја имаме нашата жива, во секој смисол на зборот легенда, Кирил Џајковски во живо“, информираат од „Авалон“.

Влезиниците се пуштаат во продажба веќе од утре!

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: