Портпаролот на скопската Зоолошка градина, Тина Мицковска, на социјалните мрежи објави фотографија од верверичка која паднала од високо дрво и се повредила.
„Некој монструм ќе беси верверички во Соње, а некои дечки со големо срце ќе спасуваат. Малово бонбонче двајца прекрасни момци го најдоа на Средно Водно, паднало од високо дрво и се повредило.
Не го оставиле, го земаа и ми го дадоа и сега се дружи со уште три поголеми другарчиња кои ги најдоа во Влае.
Го викаме Сречко, на моменти и Сугаре, зошто е најмалечко и со цела сила се бори да се вклопи и трчка со другите вервери“, напиша Тина.
