#ТРЕНД

Снимањето на Бетмен прекинато, Роберт Патинсон позитивен на Ковид-19

Објавено на

Британскиот актер Роберт Патинсон, кој го глуми човекот-лилјак во најновиот „Бетмен“,  има позитивен тест за Ковид-19, објавија медиумите во четвртокот, што резултира во прекин на продукцијата на хит-серијалот, уште еден од низата удари за филмската индустрија која се бори да заживее во услови на пандемија.

Студиото „Ворнер Брос“ во своето соопштение наведе дека „член на продукцијата на Бетмен“ во Велика Британија бил позитивен на коронавирус, но не го откри името. „Снимањето е привремено паузирано“, се додава во соопштението на студиото, без да прецизира за колку време.

„Варајати“, „Холивуд репортер“ и „Венити фер“ цитираат неименувани извори дека лицето кое се покажало позитивно на тестот е всушност Патинсон, ѕвездата на филмот.

Трендинг

Exit mobile version