По 20 денови од ненадејната смрт на музичарот, композитор и пејач, Драган Вучиќ, на социјалните мрежи се огласи неговиот син, Мартин Вучиќ. Тој за неговиот татко испрати емотивна порака, која допре до многумина.
„За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш ТАТКО над татковците!“, напиша Мартин, споделувајќи фотографија.
Инаку, Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника во Скопје, како последица на компликации предивизвикани од коронавирусот.
Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје, а работеше како композитор, пејач и водител.
Тој беше композитор на бројни хитови како „Свирете ја Зајди Зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“ а во 2005-тата ја компонираше песната „Make My Day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија.
Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“.
Познат е во јавноста и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други.
Последен негов проект е „Гурмански муабети“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.