Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Sony ги праша гејмерите колку се задоволни, па анкетата исчезна за помалку од 24 часа

sony-ured

Sony неодамна ги праша своите корисници колку се задоволни од различни аспекти на PlayStation 5, но анкетата не остана достапна ниту 24 часа.

Компанијата објави анкета во која корисниците можеле да го оценат своето задоволство од конзолата PS5, контролерот, игрите, корисничкиот интерфејс, мрежното играње и други услуги.

Сепак, анкетата набрзо се претворила во место каде што гејмерите го искажувале незадоволството од најавените промени во однос на физичките изданија на игрите. Според информациите, анкетата била затворена за помалку од 24 часа. Засега не е познато дали станува збор за привремено или трајно затворање.

Незадоволството меѓу дел од корисниците е поврзано и со најавата дека Sony планира од 2028 година да престане со издавање одредени PlayStation игри на дискови.

Се шпекулира и дека Sony испратил слична анкета до партнери од индустријата за видеоигри, односно до самите производители на игри, за да ги испита нивните ставови за ова прашање.

Засега не е познато дали одговорите од корисниците и партнерите би можеле да влијаат врз плановите на компанијата. Останува да се види дали Sony ќе ја преиспита или одложи одлуката за физичките изданија на игрите.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Технологија

Сите →
media-libraryk0qj8avj7hug4auPaI0

Сите ја прават истата грешка со лозинките: Проверете колку е безбедна вашата

пред 1 минута
media-librarylahd4i7kkti25PoKYFV ВИДЕО

(Видео) Пред 34 години беше претставен првиот паметен телефон во светот – 13 години пред „Ајфон“

пред 12 часа
media-library7bijtf8e2q5p22ZU2Te

За помалку од 12 часа ги пробиле заштитите на ChatGPT, Gemini и Claude и добиле планови за терористички напади

пред 13 часа
media-libraryansnnge2aqt01UmKYGa

Зад скандалот со шефот на „Nvidia“ се крие приказна за моќта на технолошките милијардери

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања