Немојте да се излежувате или по цел ден да гледате телевизија. Ова е совршена прилика да ги промените своите навики.

Карантинот на сите им паѓа тешко. Но, ако живеете сами, може да се чуствувате особено изолирано или депресивно поради фактот дека би можеле да поминат неколку месеци пред повторно да почувствувате човечки допир.

Затоа Best Life разговараше со експертот за врски Акамеом Дедвилер, автор на емисијата „Single That: Dispelling Top 10 Myths of the Single Woman“, за тоа како најдобро да го искористите времето додека сте во карантин.

1. Најдете си занимација

Важно е да најдете нешто да работите, особено ако сте многу „несреќни“. Немојте да се излежувате или по цел ден да гледате телевизија. Ова е идеална прилика да ги промените своите навики или да испробате нешто ново.
– Ако имате деловна идеја, време е да се фокусирате на тоа – вели Дедвилер.

2. Бидете онлајн

На социјалните мрежи можете да комуницирате со други луѓе кои се сами во карантин. Разговарајте со пријателите и со семејството. Почнете со часови по јога на интернет или посетувајте виртуелни настани. Има бесконечно многу опции, потребно е само да ја активирате вашата имагинација.

3. Одете на апликации за запознавање

Ако сами сте влегле во карантин, тоа не значи дека ќе излезете од него „соло“. Многу апликации за запознавање бележат пораст на користење за време на карантинот, а некои нудат бесплатни додатоци за оние кои се сами дома.

Поважен од квантитетот е квалитетот на клиентот.
– Оваа ситуација всушност би можела да ги елиминира оние кои не се за вас. Ако сте расположени да разговарате со некого неколку недели, тоа е показател дека барате вистинска врска – вели експертот.

4. Испробајте нови можности за романтика

Можеби ви звучи чудно, но карантинот отвора некои нови романтични можности. Можеби сте се впуштиле во романса преку интернет во која навистина ќе запознаете некого пред физички да го запознаете. Можеби повторно ќе се поврзете со бившиот партнер кој бил добар за вас, но времето едноставно не било во ред. Кој знае? Еден ден би можеле на своите деца да им кажете дека пандемијата ви помогнала да сфатиле дека нивниот татко или нивната мајка е вистинската личност за вас.

5. Управувајте со љубомората

-Природно е да се чуствува завист и сакате да имате некој со кого ќе го поминувате ова време – вели Дедвилер.
Но, секогаш кога ќе почувствувате бран на љубомора поради луќе кои не се сами, земете го предвид фактот дека иако тие имаат нешто што вие немате, без сомнение и вие имате работи кои тие ги немаат. Можеби имаат семејство, но финансиски повеќе се борат од вас. Или можеби имаат партнер, но живеат во многу помал простор.

6. Немојте да му праќате пораки на бившиот

Страшно време е и луѓето од страв или вознемиреност носат погрешни одлуки. Дедвилер препорачува да не им се јавувате на бившите за кои сте донеле заклучок дека не се добри за вас.

7. Бидете благодарни

Одвоете време и размислете за сè што имате. Тоа ќе го подобри вашето расположение и ќе го намали стресот. На својот попис на обврски додадете секојдневна вежба на благодарност.
-Ова навистина е момент да се фокусирате на она што го имате, а не на она што го немате – вели Дедвилер.

8. Размислете за себеси

Карантинот е единствена можност да размислите за тоа што навистина сакате во својот живот и што ви недостасува.

9. Немојте да паничите

Важно е да не се препуштите на негативно размислување. Паниката поради пандемијата или нервозата заради што немате партнер нема да направи ништо добро за вас. Фокусирајте се на позитивното.

10.Треба да знаете дека всушност не сте сами

Коронавирусот на различни начини ги погоди сите. Сите ја изгубивме рутината, некои ја изгубиа својата работа, а некои пријатели или членови од семејството. Можеби физички се раздвојуваме, но сите сме заедно во ова. Сетете се на тоа колку што можете почесто.

Исто така, има луѓе кои ве сакаат. Тоа можеби не е романтична љубов, но без оглед на сè, тоа е сепак љубов.