Денес, Советот на општина Охрид ја одржа шеесет и шестата свечена седница. Со завршувањето на оваа седница воеднo заврши и четиригодишниот мандат на советниците во Советот на општина Охрид.
Збор на последната седница зедоа градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој им се заблагодари за придонесот и конструктивноста на советниците, претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и координаторката на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
