#ФОКУС
Спасовски: 8 те вработени од МВР ќе бидат суспендирани од работа поради нелегалните дејства со возачките дозволи
Осуммина припадници од МВР се под истрага за директно учество во нелегални активности за издавање на возачки дозволи на лица кои немале положено возачки испит, рече одговарајќи на новинарско прашање министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Против тие 8 лица поднесени се кривични пријави и уште против 28 граѓани коишто извршиле поттикнување во однос на ова кривично дело. Истрагата продолжува, ќе се согледаат сите аспекти. Тие лица ќе бидат суспендирани од работа и ќе се водат и дисциплински постапки“, рече Спасовски.