Спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура експресно беше исчистена од натписите кои непознати сторители ги направиле.
„Спомен пличата беше испишана со разни броеви и симболи, непочитувајќи ги вредностите препознатливи за нашиот град. Експресната реакција на ЈП Градски гробишта Охрид ја исчисти спомен плочата и го врати нејзиниот сјај. Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата кои се значајни за нашата култура, народ и нашата држава“, пишува Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид.
👏Спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за…
Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Saturday, April 3, 2021