Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

„Спотифај“ достапна во Македонија

„Спотифај“, глобалната платформа за семрежен аудио пренос со претплата, од утре, ќе стане достапна и во Македонија. Од 15 јули достапни ќе бидат над 50 милиони песни и 1 милион поткасти.

Покрај достапноста во нашата држава,„Спотифај” започна со работа и во 12 други земји, односно, Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска.

„Денешното стартување ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели кои ќе може да започнат со откривање на нова музика и подкасти од целиот свет на „Спотифај”, а уметниците во регионот да ја допрат се’ поповрзаната глобална публика и обожаватели“, истакнала Федерика Тремолада, Управен директор за Јужна и Источна Европа на „Спотифај”.

Македонската верзија на „Спотифај” нуди локализирани музички препораки и опции за пребарување, објавување поткасти и алатки за музичките уметници.

Апликацијата „Спотифај” може да ја преземете преку „App Store“ или преку веб-страната.

„Спотифај“ постои од 2008 година, а денес е присутна на 92 пазари ширум светот со 286 милиони корисници.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: