#ФОКУС
Србија во моментов втора земја во Европа според бројот на вакцинации на милион жители
До овој момент во Србија против коронавирус се вакцинирани 473.087 лица. Со ова Србија е втора земја во Европа според бројот на вакцинации на милион жители.
Само Велика Британија е пред Србија, по што следат Малта, Исланд, Данска, Ирска, Словенија, Романија, Литванија и Португалија.
Кога станува збор за регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинирани луѓе на милион жители. Следуваат Словенија, Романија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.
Србија во моментов користи три вакцини – на „Фајзер“ и „Бионтек“, руската „спутник V“ и кинеската „синофарм“.