Медиасет.мк

Медиасет

Србинот владее со НБА лигата, Јокиќ повторно МВП

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно е прогласен за најкорисен играч на сезоната (МВП) во НБА лигата!

Јокиќ ја освои оваа ласкава награда по трет пат во последните четири години.

Србинот е само деветтиот играч со три или повеќе МВП награди, а се приклучи на елитен клуб во кој се и Карим Абдул Џабар (6), Мајкл Џордан (5), Бил Расел (5), Вилт Чембрлен (4), Леброн. Џејмс (4), Мозес Мелоун (3), Лери Бирд (3) и Меџик Џонсон (3).

Јокиќ во регуларниот дел од тековната сезона имаше просек од 26,4 поени со 12,4 скока и 9 асистенции по натпревар со 58,3% шут од поле и 35,9% за тројки.

Ова е осма НБА сезона за момчето од Сомбор, а претходната ја освои титулата, прва во историјата на Денвер Нагетс.

Во својата досегашна НБА кариера, Јокиќ три пати беше прогласуван за МВП играч, шест пати беше Ол-стар, пет пати во Ол-НБА, шампион во НБА и МВП на финалето.
Србинот ја освои наградата за МВП со убедлива победа во гласањето.

Тој имаше дури 79 гласа за прво место, наспроти 15 за Сеј Гилдужс-Александер и четири за Лука Дончиќ. Со вкупно 926 поени, наспроти 640 за првата ѕвезда на Оклахома и 566 за словенечкиот претставник.

На почеток
error: