Медиасет.мк

#ТРЕНД

Сред корона се организираат големи турбофолк журки во Охрид

Додека бројот на заболени од коронавирус секој ден се зголемува, а на сила се голем број протоколи како треба да се однесуваат сите посетители на туристичките места, во Охрид се закажуваат и рекламираат големи турбофолк журки.

Последните такви се најавените концерти на стадионот „Горица“ на српските турбофолк ѕвезди Дарко Лазиќ и Теодора Џехверовиќ, кои ќе настапуваат на 31 јули, како и Сандра Африка и Аца Лукас, чиј концерт ќе се одржи ден подоцна, односно на 1 август.

Организирањето на вакви настани е прилично скандалозно, особено ако се земе предвид дека поради незавидната епидемиолошка состoјба во земјава, не се дозволува работа на рестораните за свадби или на дискотеките, со што без работа се оставени голем број луѓе од персоналот на овие објекти, а се дозволува одржување на турбофолк концерти на кои, вообичаено, има голем број посетители.

Тука се поставува прашањето, колку ваквите журки, за кои се очекува масовна посетеност, се закана за јавното здравје и дали може да се очекува од нив да се развијат нови кластери на заболени од Ковид-19.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: