Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Српскиот тенисер Кецмановиќ по драмата во Монтреал: Едвај издржав!

Медиасет.мк
пред 2 месеци
tenis

Српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ се пласираше во второто коло на АТП Мастерс турнирот во Монтреал, откако по голема борба го совлада Американецот Мајкл Џенг со 6:4, 4:6, 7:6 (7:5).

Мечот беше прекинуван поради дожд, што дополнително ги отежна условите за игра. Кецмановиќ успеа да ја задржи концентрацијата во решавачките моменти и по тај-брејкот во третиот сет да обезбеди место во следната рунда.

По натпреварот, српскиот тенисер призна дека условите биле исклучително напорни.

„Навистина беше тежок меч во секоја смисла. Веќе два дена сме во клубот од осум часот наутро, а завршуваме во осум навечер. Беше навистина тешко. Среќен сум што го преживеав сето тоа и издржав до крајот. Се надевам дека на следниот меч ќе биде подобро“, изјави Кецмановиќ.

Тој истакна дека најголем предизвик му е да ја задржи константноста во играта и да ги намали осцилациите во настапите.

Во второто коло Кецмановиќ ќе се соочи со Французинот Артур Риндеркнеш, кој е 29. тенисер во светот. Натпреварот е закажан за четврток од 16 часот.

„Игравме повеќепати и двајцата имаме победи во меѓусебните дуели. Најважно е да одиграм на моето ниво, па ќе се надеваме на најдоброто“, порача српскиот тенисер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 5 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања