Медиасет.мк

#ТРЕНД

Стинг ја исполни последната желба на починат полицаец

Иако во последно време се чини дека сите вести се лоши вести, на социјалните мрежи се појави необична сторија која кај многумина измами солзи радосници.

Humans of New York е популарна страница на социјалните мрежи која објавува интервјуа со луѓе од Њујорк, споделува нивни животни приказни како и фотографии од нивното секојдневие.

Страницата неодамна сподели необична приказна за еден њујоршки полицаец кој сакал уметност.

Објавата ја постираше неговата поќерка, која напиша: „Порано работел во дуќан за возила, цртал реклами и боел странични врати на комбиња со воздушна четка. Мислам дека сонувал да биде уметник. Но, му требаше некоја постабилна работа. Откако реши да се ожени со мајка ми, стана полицаец.“

Дури и откако ѝ се придружи на полицијата „тој никогаш не го изгуби допирот со својата креативна страна.“

Тој имаше мало уметничко студио во нашата куќа и наслика портрет на Стинг што го ископира од кавер на албум. „Беше зафатен со работа и никогаш не го користеше студиото. Секогаш велеше: Кога ќе се пензионирам ќе ѝ се вратам на уметноста, Но, тоа време никогаш не дојде.“ Работеше како полицаец 20 години, но заболе од мултиплекс склероза.

Во текот на последните денови на очувот, поќерката ги прередувала неговите работи и наишла на„Стинг“.

„Ја извлеков сликата од стара кутија и го прашав: Што да правам со ова? Тој веднаш одговори: Дај му ја на Стинг! Сите почнавме да се смееме. Но тато стана многу сериозен. Погледна право во мене и рече: Дај му го ова на Стинг. Претпоставувам дека тоа е мојата последна задача.“

Она што можеби се чинело како смешна идеја во моментот, сега се остварува, благодарение на неочекуван пресврт.

Ќерката на Стинг, актерката Мики Самнер, го видела постот и стапила во контакт со авторот на објавата. Потоа двете направиле план.

Сега, рок легендата конечно го има скапоценото дело на полицаецот. Неговата желба е исполнета, сликата е таму каде што треба да биде

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: