Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“.Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. Концертот понуди внимателно осмислена музичка програма во
