Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Стојоски: Имаме голема чест – да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри

Медиасет.мк
пред 5 години
Atletska-Federacija-na-Makedonija-I-den-Kup-na-MK-seniori-ki-11

Јован Стојоски веќе во Токио. Македонскиот атлетичар со нетрпение го очекува својот деби настап на едни Олимписки Игри, сонот на секоја спортист.

Стојоски на ЛОИ во Токио ќе настапи на трката на 400 метри која е закажана за први август, во 3:45 часот. Тој ги користи последните денови за максимална подготовка за најголемиот предизвик во неговата кариера. Добро знае што значи да се настапува под знамето на една земја.

- Задоволен сум од подготовките кои што ги одработив. За Токио се подготвував две години. Олимписките игри се сон за секој спортист, голем предизвик. За мотивот не треба да се зборувам премногу. Предизвикот е голем, имам голема чест, да настапувам под македонското знаме, тоа ми дава обврска да дадам се од себе. Никогаш не сум се штедел, вака ќе биде и на трката. Сакам да ја направам Македонија горда.

Конкуренцијата ќе биде голема, но тоа го прави чувството посебно. Имам искуство на другите натпреварувања, се надевам дека ќе успеам да остварам резултат за почит, истакна атлетичарот Јован Стојоски.

Настапот на ЛОИ во Токио ќе биде дополнително искуство за предизвиците кои ги има поставено македонскиот атлетичар.

- Иако е рано, но моја следна цел се Олимпијадите во Париз и Лос Анџелес. Нема да застанам, сакам да носам успеси, сакам да ја правам Македонија горда, додаде атлетичарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysh2v5m62s5q0fzY0WdQ

Колку јајца смеете да јадете ако внимавате на холестеролот?

Вирално | пред 2 часа

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 4 часа

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 1 ден

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања