Судијка од Калифорнија денеска го блокираше извршувањето на налогот на Министерството за трговија на САД од страна на „Епл“ и „Гугл“ за отстранување на кинеската апликација „WeChat“.
Судијката Лорел Билер од Сан Франциско рече дека корисниците на WeChat во тужбата „покренале сериозни прашања поврзани со Првиот амандман“ на Уставот на САД, кој ја штити слободата на изразување и дека спроведувањето на забраната е суспендирано до новото известување заради потенцијална штета што би ја предизвикало.
„Регулативата што отстранува еден канал на комуникација без достапни замени го ограничува говорот повеќе отколку што е потребно за да се остварат интересите на владата“, објасни таа.
Министерството се уште не ја коментирало одлуката на судот.
Здружението на корисници на WeChat ја поздрави пресудата како „важна победа“ за милиони корисници на апликацијата во САД.
Мајкл Биен, адвокат на здружението на корисници, рече дека „САД никогаш не затвориле некоја поголема комуникациска платформа, дури ни за време на војните“.
„Во врска со забраната на WeChat што влијае на кинеско-американската заедница, постои сериозен проблем во врска со усогласеноста со Првиот амандман“, рече тој.
Министерството за трговија на САД во петокот објави дека забраната за преземање кинески апликации за преписка и трансфер на пари, како и видеата на „WeChat“ и „ТikTok“, ќе стапи на сила во САД во недела, а како причина ја наведуваат „националната безбедност“, пренесоа агенциите.
„Кинеската комунистичка партија покажа дека има средства и намера да ги користи овие апликации како закана за националната безбедност на САД, надворешната политика на САД и економијата“, објасни министерот.
ByteDance, сопственикот на апликацијата TikTok која се грижи за апликацијата и нејзините корисници на пазарот во САД, се обидува да стори сé за да постигне договор за судбината на американскиот бизнис, а официјални претставници на Министерството велат дека претседателот Доналд Трамп има уште време да ја укине забраната до крајот на денот.
Секретарот за трговија Вилбур Рос во писмената изјава рече дека САД мора да се спротивстават на „злонамерната практика на собирање лични податоци на граѓаните на САД додека ги промовираат националните вредности, демократските норми засновани на правила и агресивно да ги спроведуваат законите и регулативите на САД“.
Министерството за трговија бара забрана за преземање на апликациите, и затоа „Епл“, „Гугл плеј“ и другите онлајн продавници не смеат да ги нудат тие апликации на која било платформа достапна во САД.
Но, забраните не се однесуваат на американски компании кои работат надвор од САД преку WeChat.