Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Сведоштво на девојка чиј татко бил во модуларната болница

Медиасет.мк
пред 5 години
Tetovo-6

Девојка чиј татко бил меѓу пациентите кои биле хоспитализирани во модуларната болница во Тетово и се спаси, а чии изјави од семејството денеска се појавија во медиумите, се огласи преку социјалните мрежи за да ја раскаже нивната приказна.

Нејзиното обраќање преку социјалните мрежи го пренесуваме интегрално:

„Значи вака – ова е нашата приказна!!!

Прво, ОГРОМНА ама НАЈОГРОМНА благодарност за медицинскиот персонал во Модуларната болница во Тетово! Вложуваат натчовечки напори за секој пациент сместен таму и тоа е единствената вистина и став на моето семејство. Се останато напишано е невистина и срамота да се изврти!

Дека пациентите во модуларна се со придружба поради недостиг на персонал е точно, да, но сфатете дека бројот на хоспитализирани во Тетово е ОГРОМЕН! Медицинскиот персонал, колку и да е дефицитарен, прави сè што може за пациентите згрижени таму и ова ви го кажувам од прва рака! Не е фер да се изврти работата и да се оцрни името на персоналот – на татко ми вчера му помогнал да излезе еден човек, но сестра ми во таа паника не видела кој е, а денеска дознавме дека човекот бил дел од ПЕРСОНАЛОТ!

Се покајав што воопшто давав изјави за медиуми, бидејќи дел од нив од ваква трагедија сакаат да направат сензација (секоја чест за исклучоците, а ги има) и не почитуваат никаков етички кодекс. Ве молам не ни ставајте зборови во уста!

Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. НО! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, сè што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи пак напоменувам НЕ ВИДЕЛЕ!

Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи за жал е факт, факт е дека моите а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат.

А најголем факт е дека ова е огромна трагедија за која верувам НИКОЈ не посакувал да се случи – пожарот се рашири многу брзо и тоа е максимумот што можеше да се направи и спаси.

ВЕ МОЛАМ ПОВТОРНО – не ми ги извртувајте зборовите и не додавајте масло, дај да ги жалиме мртвите и да им помогнеме на преживеаните место да правиме приказни за поголема читаност“, пишува девојката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysh2v5m62s5q0fzY0WdQ

Колку јајца смеете да јадете ако внимавате на холестеролот?

Вирално | пред 12 часа

media-librarydvl9ebvs2kg97MUVF81

Четири хороскопски знаци треба да внимаваат на парите во периодот на ретроградната Венера

Вирално | пред 13 часа

media-library45u3bt8uur3f0QRFtzg

Студените утра носат проблеми за возачите, еве што не треба да правите

Вирално | пред 15 часа

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања