Медиасет
Светот станува поопасен: 76 земји на „црна листа“ за патувања
76 земји се наоѓаат на „црната листа“ поради тероризам, криминал и нестабилност, предупредуваат британските власти, додека дел од туристите и понатаму патуваат во овие ризични дестинации.Покрај опасноста од терористички напади, во одредени делови од светот сè поизразени се и други ризици – вооружени грабежи, киднапирања, сексуално насилство, како и политичка нестабилност која дополнително ја комплицира ситуацијата.Според податоците на Foreign, Commonwealth & Development Office, бројот на дестинации кои се сметаат за ризични за патување значително се зголемил во последните неколку години. Од 2019 година листата е проширена за уште 12 земји, па денес дури 76 од вкупно 226 држави и територии се на таканаречената „црна листа“, со препорака патувањата да се избегнуваат поради безбедносни, здравствени или правни закани.Од тој број, 14 земји се означени како целосно небезбедни за какво било патување, додека за уште 38 постојат региони кои треба да се избегнуваат.За дополнителни 24 земји се советува патување само во крајна нужда.Меѓу државите кои се сметаат за особено опасни се издвојуваат:Авганистан – екстремен ризик од тероризам и политичка нестабилност, со можност за долготрајно притворање на странци.Хаити – висок криминал, чести киднапирања и улично насилство.Буркина Фасо, Мали и Нигерија – чести терористички напади и нестабилност.Иран – напната безбедносна состојба и ризик од апсење.Русија – зголемена опасност од напади на јавни места.Сирија, Јемен, Ирак и Палестина – сериозни закани од конфликти и тероризам.Белорусија – можност за апсење поради политички активности.Јужен Судан – вооружени судири и насилство.Во многу од овие земји секојдневниот живот дополнително е отежнат од криминални групи и вооружени фракции, а во некои се активни екстремистички организации како Ал Каеда и ИСИС.Стручњаците предупредуваат дека глобалната безбедносна состојба се влошува, па дестинации кои некогаш биле популарни веќе не се сметаат за безбедни.И покрај тоа, сè повеќе авантуристи се одлучуваат за патувања во ризични подрачја, потпирајќи се на информации од социјалните мрежи.Сепак, поголемиот дел од патниците и понатаму ги следат официјалните препораки и избегнуваат патувања во високоризични региони.