Актерката Мили Боби Браун, позната по улогата во серијата „Стрејнџер Тингс“, откри дека актерот Хенри Кавил строго се придржувал до професионални граници за време на снимањето на филмовите „Енола Холмс“ и „Енола Холмс 2“.Браун, која денес има 22 години, изјавила дека нивниот однос на снимањето бил поинаков од односот што го има со колегите од серијата со кои пораснала.„Различно е бидејќи пораснав со Ноа Шнап и Чарли Хитон. Ги запознав кога имав десет години, па нашиот однос е како соученици. Со Хенри, пак, беше како вистински однос со возрасна личност – добро и здраво пријателство“, изјавила актерката во интервју за „Дедлајн“.Таа додала дека Кавил поставил јасни правила во нивната комуникација и не дозволувал разговори за неговиот приватен живот.„Тој имаше правила. Не ми дозволуваше да прашувам за неговиот приватен живот. Ќе ми речеше: ‘Мили, не. Ќути.’ И јас ќе одговорам: ‘Разбирам’“, раскажала Браун.Актерката истакна дека работата на филмовите за „Енола Холмс“ претставувала важна пресвртница во нејзината кариера. Таа особено го пофали режисерот Хари Бредбир за неговата посветеност и вниманието кон деталите за време на снимањето.„Тоа е остварување на сонот. Многу научив, бидејќи сум млада актерка која сè уште се развива. Ова е многу важен момент во мојата кариера и во мојот живот. Тоа е првата улога во која навистина бев главна“, изјави Браун.
