На 22 07 Советот на општи а Охрид ќе ја одржи 61-та седница. Предвидени се 8 точки од Дневниот ред и тоа:
Усвојување на Записникот од 60-та седница
- Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.
- Предлог – Одлука за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
- Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за пренамена на финансискиот план на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот од 2021 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност на измените на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за 2021 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за 2022 година.
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште бр.08-4086/68 од 28.04.2021 година.
- Предлог – Одлука за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар – Охрид.
- Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на општина Охрид.
Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.