Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Тајла во впечатливо издание на MTV наградите: змија околу вратот и часовник на глуждот

media-libraryjgoj7j4vo7588k1oIaT

Пејачката Тајла привлече внимание со впечатливиот изглед на црвениот тепих на овогодишното доделување на музичките награди на MTV во Лос Анџелес.

Младата музичка ѕвезда се појави во син комплет инспириран од шарата на змиска кожа, составен од топ во стил на градник и здолниште со низок струк. Изгледот го надополни со црно-бели чевли со шпиц и високи тенки потпетици, исто така со шара на змиска кожа.

Тајла продолжи со истата тема и преку накитот. Носеше чокер во форма на змија, светкави обетки и прстени, а особено внимание привлече необичниот часовник поставен околу нејзиниот глужд.

Пејачката имаше и улога на презентер на овогодишната церемонија, која се одржа во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес. Ова беше прво издание на MTV Video Music Awards на западното крајбрежје на САД по 2017 година.

Водител на настанот беше Снуп Дог, а церемонијата во живо се емитуваше на CBS и MTV, како и на платформата Paramount+.

Мадона го отвори спектаклот, „Нирвана“ ја доби наградата „Video Vanguard“, додека Тејлор Свифт беше одликувана со првата награда „MTV Artist Director Honors“.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 18 часа
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 19 часа
media-library12f9odd1fthe74ZN88w ВИДЕО

(Видео) Ги слушале тинејџери, а со „Ѓурѓо“ стигнале до повозрасна публика – Стефан за пресвртот на „Некст тајм“

пред 19 часа
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

пред 21 час
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања