Медиасет
Тамара Tодевска, Некст Тајм, Јанг Дади, Тони Зен и уште 30 изведувачи утре во Охрид – прв настан за 35 години независност на Македонија
Охрид утревечер ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, создаден по повод 35 години независност на Македонија. Настанот ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“, каде програмата започнува во 19:30 часот со DJ сет, додека главниот спектакл е закажан за 20:30 часот. Влезот е слободен.На сцената ќе настапат повеќе од 30 македонски музички имиња, меѓу кои Тамара Тодевска, Бојана Скендеровски, Бранко Николовски, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, П