Медиасет.мк

#ТРЕНД

Тејлор Свифт објасни зошто нема фотографии од нејзината мачка: „Многу си ја сака приватноста“


Хитмејкерката одговори на загриженоста на фановите дека нејзината мачка Мередит Греј повеќе ја нема во објавите на социјалните мрежи, инсистирајќи на тоа дека сè е во ред со нејзиното милениче.

„Мередит Греј е мачка што си ја сака приватноста, таа не сака да ја фотографираат“, вели Тејлор Свифт во видеото што го сподели на Инстаграм со цел да ги смири фановите кои беа загрижени за миленичето на музичката ѕвезда. Таа лежи покрај Бенџамин, братот на Мередит, додека им се обраќа на фановите.

„Мојата мачка сака нејзиниот живот да го задржи за себе, не сака фотоапарат близу до лицето, и кој може да ја обвини? “ се пошегува Тејлор.

Тејлор има три мачки – Оливија Бенсон, Мередит Греј и Бенџамин Батон – и многу ги сака затоа што се „независни и способни да се занимаваат со сопствениот живот“, како што вели таа.

„Тие се навистина прекрасни. Многу се достоинствени“, изјави Тејлор во една пригода.

Текстот Тејлор Свифт објасни зошто нема фотографии од нејзината мачка: „Многу си ја сака приватноста“ е превземен од МАКФАКС.

Трендинг

На почеток
error: