Медиасет.мк

Медиасет

Техничар загина за време на поставување бина за концертот на Шакира, останал заглавен во дигалка

Маж, кој работел како техничар, загинал додека учествувал во подготовките на бината за претстојниот концерт на Шакира на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро.Организаторите на настанот „Todo Mundo No Rio“ во соопштение на Инстаграм објавија дека мажот починал во неделата попладне по добиените повреди.„Итните служби пружија прва помош на лице место, а пожарникарите веднаш беа повикани за транспорт на пациентот. За жал, мажот почина во болница. Во овој момент даваме целосна поддршка, утеха и солидарност на одговорната компанија, нејзиниот тим и семејството на жртвата“, се наведува во соопштението.Државната противпожарна бригада (CBMERJ) потврди дека мажот претрпел згмечување на долните екстремитети во системот за подигање. Пред доаѓањето на итните служби, жртвата веќе била извлечена од опремата од други работници.Работниците од Итната помош веднаш почнале да укажуваат помош, по што бил префрлен во болницата „Мигел Куто“.Според Ројтерс, потврдено е дека мажот работел на склопување на бината за јавен концерт на кој ќе настапува Шакира.Од кабинетот на градоначалникот на Рио де Жанеиро на социјалните мрежи потврдија дека Шакира е главна ѕвезда на овогодинешниот јавен концерт „Todo Mundo no Rio“ на Копакабана.

На почеток
error: