Една од најубавите тенисерки во светот и двократна шампионка на Грен слем, Романката Симона Халеп се омажи за македонскиот милијардер Тони Јуруч, со кој претходно била во врска две години.
Венчавката се одржа во Констанца, родното место на атрактивната тенисерка, а според кажувањата, на неа присутни биле околу 300 гости. Халеп носела венчавка многу кратко, а потоа облекла класичен фустан.
Младоженецот е познат бизнисмен и сопственик на неколку фирми, а по потекло е од Македонија. Како што медиумите открија од претходно, зад себе има два неуспешни брака.