Connect with us

#ОХРИД

Една од најстарите музички манифестации, фестивалот “Охридски Староградски Средби“, синоќа го имаше своето 33 –то издание

Една од најстарите музички манифестации, фестивалот “Охридски Староградски Средби“, синоќа го имаше своето 33 –то издание. Традиционалната средба на културно уметнички групи и музички состави, кои го негуваат староградскиот мелос, се одржа пред платото на Центарот за култура “Григор Прличев“, согласно здравствените протоколи. Во името на Локалната самоуправа, пред присутните се обрати Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид.

– Понекогаш тешко се наоѓаат зборови да се искажат чувствата на радост од ваквите моменти, кои како непрекината нишка се надоврзуваат низ десетлетијата, а кои го потврдуваат непресушниот талент на македонскиот народ низ различни културни форми да се самопотврдува и да биде препознатлив на светската културна мапа. Охридските Строградски Средби се можеби најпрепознатливиот и највпечатливиот културен белег на нашиот народ, кој низ песната ги изразувал своите радости и мечти, но и своите тешкотии и страдања.

Со вашата песна вечерва ќе не навратите во некои дамнешни времиња, низ старите калдрми и слабата светлост на фенерите, кога момчината и девојките се заветувале на вечна љубов или конзервативните родители тоа го забранувале. Во вашиот мелос ќе провејува радост и тага, љубов и чемер, храброст и достоинство, но во секој случај ќе провејува нескршливиот дух на македонскиот народ и непресушното врело на народното творештво.

Во богатата културна понуда на Охрид, Охридските Староградски Средби се можеби најмалиот, а воедно и најсјајниот бисер на нашиот талент и уметничко битисување препознатливо и за другите култури и народи.

Почитувани пријатели, драги учесници. Дозволете ми во името на Општина Охрид да ви посакам пријатна и распеана вечер, а вашата песна нека се шири како езерските далги, од овде до вечноста – истакна во своето обраќање Ангелоска.

На фестивалот настапија повеќе од сто учесници, со осум пејачки состави од Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Штип, Прилеп и Радовиш.

#ОХРИД

Кои се можните изгледи на охридските плажи

Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот.

Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Конкурсот беше анонимен и секој учесник имаше право да учествува со еден труд.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните. Граѓаните своите сугестии, забелешки и предлози во правец на избор на најсоодветно решение може да ги достават на следната електронска адреса [email protected] со назнака „Идејно решение за плажи“.

Во прилог се фотографии од идејното решение број 1 и фотографии од идејното решение број 2

 

  • Идејно решение број 1

Continue Reading

#ОХРИД

Висока делегација од Обединетото Кралство во посета на ООУ „Христо Узунов“

Во учебната 2019/2020 година  ООУ „Христо Узунов“ од Охрид  се вклучи во Програмата „Училишта на 21 век“, која е финансирана од Владата на Обединетото Кралство, а спроведена од Британскиот совет во партнерство со Министерството за образование и наука.Целта на програмата е развивање на вештини на 21от век, со посебен акцент на дигитална писменост, критичко размислување и решавање проблеми и користење на уредот микро:бит за развивање вештини за програмирање. Конкретно во училиштето се спроведуваат многу активности поврзани со оваа програма, во која се вклучени голем број ученици, при што носечката улога ја има Клубот за кодирање.

Во текот на денешниот ден, ООУ „Христо Узунов“ имаше чест да биде посетено  од Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Венди Мортон и Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј. Тие беа запознаени со текот на имплементирањето на оваа програма во училиштето.  Директорката Оливија Пирузева Јанева на средбата со високата делегација даде кратки податоци за училиштето и за програмата.  Потоа гостите присуствуваа на часот, каде учениците под раководство на професорките Горица Дуцкиновиќ и Марија Мостро,  презентираа конкретен проект изработен од членовите на Клубот за кодирање.

Преку овој проект се истакнува  критичкото размислување како и вештините за програмирање. Проектот има за  цел подигнување на свеста за селекција на отпад и негово рециклирање, што е многу важно за заштита и на животната средина и негување на ваквите навики. Проектот се состои во селектирање на отпадот, на пластичен и лимен отпад. Во сето тоа главна улога има уредот микро:бит, како инструмент за одбројување на парчињата отпад.

Учениците за овој проект беа поттикнати  од несовесноста на луѓето при фрлање на отпад во околината. Целта е зголемување на свеста за заштита на природната околина, која колку повеќе ја негуваш, таа толку повеќе возвраќа. Тоа учениците го истакнаа пред Министерката и Амбасадорката, задоволни и возбудени од фактот дека својата работа може да ја презентираат пред нив и истите да бидат вреднувани со пофалби од нив.

Continue Reading

#ОХРИД

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски , упати честитка  по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

– Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. На овој ден во далечната 1941година во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно – ослободителна борба.

Преку оваа борба нашиот народ го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на слободна, самостојна и суверена држава. Токму со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција, на страната на доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата.

11 Октомври и првото заседание на АСНОМ им дадоа целосна смисла на сите револуционерни движења претходно. Борците во НОБ ги достигнаа стремежите на сите претходни генерации да се добијат долго очекуваната победа и слобода.

Секоја генерација има своја одговорност. Така и нашата, да ја сочува слободата, суверенитетот и независноста на нашата земја која со пролеана крв и многу жртви ја спечалиле нашите предци. Одговорноста е голема, она што сме го добиле како влог треба да го предадеме на идните генерации, на нашите деца. Никогаш да не дозволиме да ни бидат одземени мирот и слободата. Наша задача е да обезбедиме економски стабилна и просперитетна држава, која ќе биде рамноправна членка со останатите држави во европското семејство. Единствени и сплотени да продолжиме да ја градиме нашата татковина како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности да креира пристоен и примерен живот за себе и за своето семејство.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – денот на Народното Востание!

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: