Медиасет
Тесла испадна од листата
За прв пат од јануари 2023 година, Tesla испадна од листата на 10 најголеми американски компании по пазарна капитализација.
Тоа се случи откако нејзините акции паднаа за 2,3 отсто на помалку од 176 долари по акција.
Вкупната вредност на компанијата Тесла на тој начин падна на 562,2 милијарди долари, пренесува Wall Street Journal (WSJ).
Десеттото место на листата на највредни американски компании го зазеде компанијата „Виза“ наместо „Тесла“, бидејќи нејзините акции вчера скокнаа за 0,4 отсто на повеќе од 280 долари по акција.
Пазарната вредност на компанијата Виза на тој начин се зголеми на 563,4 милијарди долари. Акциите на Tesla паднаа за 29 отсто од почетокот на годината, намалувајќи ја вредноста на компанијата за 238 милијарди долари.
Најголем губитник за оваа година меѓу американските компании моментално е Apple, бидејќи неговата пазарна вредност во 2024 година падна за 383 милијарди долари.