Медиасет

TikTok под истрага, им се заканува тужба

Објавено на

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците.

Доколку има потреба од тоа, ФЕД би можел дури и да одлучи да поднесе тужба во следните неколку недели, пишува весникот „Политико“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Претставничкиот дом на САД претходно овој месец гласаше да се усвои нацрт-закон со кој на кинеската компанија ByteDance, сопственик на TikTok, ќе и се даде околу шест месеци да ги продаде американските средства на апликацијата на друг сопственик. Во спротивно, на апликацијата и се заканува забрана во Америка.

Белата куќа најави дека Сенатот наскоро треба да гласа за законот, а американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека ќе го потпише законот.

Во 2020 година, Ројтерс објави дека Федералната трговска комисија и американското Министерство за правда ги истражуваат наводите дека TikTok не го почитувал договорот од 2019 година за заштита на приватноста на децата.

Трендинг

Exit mobile version