Медиасет
Топлотните бранови ќе ја чинат Грција до 13 милијарди евра до 2030 година
Повторливите топлотни бранови би можеле да ја чинат грчката економија до 13 милијарди евра во периодот до 2030 година, предупредува осигурителната и кредитна компанија Allianz Trade во најновата анализа.Според извештајот, екстремно високите температури негативно ќе влијаат врз продуктивноста на работниците, трошоците за енергија и инвестициската активност, што може да доведе до намалување на економското производство за дури 4,1 проценти.Анализата покажува дека инвестициите би можеле да се намалат за околу осум проценти, потрошувачката за четири проценти, додека инфлацијата би можела да порасне за 2,5 проценти. Истовремено, стапката на невработеност би се зголемила за еден процент.Од компанијата предупредуваат дека топлотните бранови повеќе не се краткотрајна временска појава, туку претставуваат структурен економски шок со долгорочни последици. Според проценките, најголем удар ќе претрпат економиите кои имаат помал капацитет да ги апсорбираат ефектите од климатските промени.Извештајот доаѓа во време кога Грција сè почесто се соочува со долги периоди на екстремни горештини, кои влијаат врз туризмот, земјоделството, енергетскиот сектор и целокупната економска активност.