Во тешка сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Грција Статис Хациламброс.
Овој фудбалер го носеше дресот на Левадијакос, Панелефсинијакос, додека последен тим за кој настапуваше е Елопијакос.
Според неговиот последен клуб, несреќата се случила еден ден пред Хациламброс да наполни 26 години.
Наводно, неговото возило излетало од патот и удрило во маслиново дрво.
Тој забележа седум настапи во елитното ниво на натпреварувањето.
Играше на позицијата лев бек.
