Прославата на Ноќта на вештерките во Белата куќа, на која Доналд и Меланија Трамп им делеа слатки на децата, привлече внимание поради појавувањето на две деца во руски костими. Момче беше облечено во униформа налик на советска воена облека, додека девојче носеше руска народна носија.
Момчето имало маскирна јакна со ознака на тенковска единица и капа со советска воена значка на која се наоѓале срп и чекан. Девојчето било облечено во сарафан, традиционален руски фустан со цветен дезен, и носело украсна лента за глава.
Меланија Трамп се насмеала додека му ја наместувала капата на момчето, по што двете деца добиле слатки од претседателскиот пар.
Настанот, на кој вообичаено присуствуваат семејства на војници и државни службеници, се одржал во време кога руските сили продолжуваат со нападите врз украинските градови.
Поради тоа, сцената предизвикала критики и реакции поради нејзината несоодветност во контекст на жртвите на советскиот режим и актуелната војна во Украина. Особено внимание привлече насмеаната реакција на Меланија Трамп додека му ја наместувала капата на момчето со советски обележја.
Официјалниот пренос од Белата куќа го забележал моментот без дополнителен коментар.