На еден француски турист му било наредено да плати казна од 1.000 евра откако се обидел да земе повеќе од два килограми локален песок од Сардинија во неговиот багаж.
Идиличниот бел песок на италијанскиот остров е заштитен со закон, а туристите се соочуваат со парични казни, па дури и затвор затоа што го отстраниле од локалните плажи.
Неименуваниот маж бил приведен на аеродромот Каљари Елмас на 1 септември откако кај него биле пронајдени шишиња во кои имало два килограми песок, пренесува Си-Ен-Ен.
Во 2017 година е воведен локален закон на Сардинија, според кој е забрането да се носи песок од тамошните плажи. Казните за прекршување на овој закон се движат од 500 до 3.000 евра, во зависност од количината на песок или местото од каде е украден.
Законот е воведен затоа што инцидентите станале почести и попроблематични. Минатата година полицијата најде веб-страница која продава песок од тамошните плажи како сувенир.
Јавноста исто така била повикана да ги извести властите ако види туристи како перат во морето.
Минатата година полицијата запленила 40 килограми песок од француска двојка која што го посетила островот. И британски турист бил казнет со повеќе од 1.000 евра во 2018 година, кога властите откриле песок од плажа во близина на северниот град Олбија.
https://www.instagram.com/p/CEjXvKrI_VX/?utm_source=ig_embed