Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

„Тврдеше дека е зависник од секс, тоа е глупост“, вели Хали Бери за поранешниот сопруг

Медиасет.мк
пред 2 години
Screenshot-2024-10-08-131220

Актерката Хали Бери сè уште не е подготвена да му прости на поранешниот сопруг Ерик Бенет, пишува „Пејџ сикс“. „Имав сопруг кој тврдеше дека е зависник од секс“, откри актерката во понеделникот за време на една епизода од поткастот Armchair Expert.

„Но, јас не верувам во тие глупости“, рече таа. Иако актерката не го спомна името на Ерик за време на интервјуто, познато е дека во 2002 година отишол на рехабилитација поради зависност од секс.

Двојката се венча во 2001 година по двегодишна врска, но се раздели во 2003 година.

„Ерик и јас веќе некое време имаме брачни проблеми и се обидувавме да ги решиме работите заедно“, изјави тогаш Бери. „Сепак, во овој момент чувствувам дека ни треба времето што ќе го поминеме одвоено за да ја преоцениме нашата врска. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност додека минуваме низ ова емотивно време“, додаде таа.

Во медиумите беше објавено дека Бенет ја изневерувал Бери за време на нивната врска поради неговата наводна зависност од секс. Сепак, Бенет, кој сега има 57 години, ги отфрли тврдењата во интервју во 2004 година.

„Јас не сум зависник од секс“, изјави тој за „Еј-би-си њуз“. „Јас сум човек што низ голем број емотивни настани, проблеми и предизвици направи навистина, навистина глупави и болни грешки“, додаде тој.

Инаку, Хали Бери минатата година се разведе и од актерот Оливие Мартинез. Тие беа во брак од 2013 до 2015 година, кога објавија дека раскинуваат, но официјално се разведоа дури во август минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 11 минута

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Apple сака сите да преминат на iOS 27: Еве што се менува во поставките на iPhone

пред 39 минути

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 1 час

media-libraryqg1a9engomct2rP8mPz

Мафини од тиква со чоколадо: Едноставен есенски десерт што освојува со вкусот

Вирално | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања