Медиасет.мк

#ТРЕНД

Убиецот на Џон Ленон ѝ се извини на Јоко Оно

Марк Чепмен, човекот што го уби Џон Ленон, ѝ се извини на вдовицата на покојниот „битлс“, Јоко Оно, 40 години по неговата смрт.

Чепмен го застрела легендарниот музичар четири пати пред неговиот стан на Менхетн, Њујорк, пред очите на Оно, на 8 декември 1980 година.

На сослушувањето минатиот месец единаесетти пат му беше одбиено барањето за условно пуштање од затвор и тој ќе остане зад решетки уште најмалку две години кога повторно ќе има право да бара условна казна.

Тој додал дека цело време размислува за одвратниот чин, како што рекол, и прифаќа да го помине остатокот од својот живот во затвор, пренесува Би-би-си.

За време на сослушувањето, Чепмен изјавил дека го убил 40-годишниот Ленон за слава и дека заслужува смртна казна.

„Повторувам дека жалам за мојот злостор“, рече Чепмен пред одборот за условно ослободување. „Немам оправдување. Тоа беше за слава. Мислам дека тоа е најлошиот злостор што може да му се направи на некој што е невин. Тој беше икона“.

Чепмен (65) издржува доживотен затвор бидејќи ја уби ѕвездата на легендарните „Битлси“.

Трендинг

На почеток
error: