Џулија Робертс и други sвезди своите сметки на социјалните мрежи ќе им ги отстапат на здравствените експерти

Актерите Џулија Робертс, Хју Џекман и Мили Боби Браун се меѓу славните кои на здравствените експерти ќе им ги отстапат своите сметки на социјалните мрежи со цел да споделат факти и да промовираат научен пристап во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Оскаровката Робертс („Ерин Брокович“, 2001 година), проектот го почна во четвртокот, 21 мај, со интервју за д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести.

Иницијативата #PassTheMic, организирана од меѓународната непрофитна организација „Уан кампања“ (ONE Campaign), има цел да укаже на мислењата на здравствените и економските експерти кои разговараат за глобалниот одговор на пандемијата на Ковид-19.

Акцентот е ставен на податоците, науката и на фактите.

Според „Уан“, звездите по еден ден ќе им ги отстапат своите сметки на социјалните мрежи на здравствените работници од првите редови, на економски и други експерти.

Во интервјуто со Робертс на нејзиниот личен профил на социјалните медиуми Фаучи вели дека главниот проблем што треба да се реши е големиот диспаритет во здравството меѓу државите. Тој тврди дека постои огромна разлика меѓу државите во однос на системите за здравствена заштита.

„Имајќи предвид дека јужна Африка, супсахарска Африка, делови од Азија, Јужна Америка, па дури и делови од Карибите, во моментот се области што немаат здравствен систем што може да одговори на начин на кој треба да се одговори во Њујорк, или Лос Анџелес, или Њу Орлеанс или Чикаго, ние навистина имаме морална одговорност за луѓето во светот“, вели Фаучи.

Многу од познатите личности што учествуваат во проектот имаат милиони фанови што ги следат на социјалните мрежи. Џулија Робертс, Хју Џекман и Мили Боб Браун имаат заедно вкупно 71 милион следачи само на „Инстаграм“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *