#ЖИВОТ
Љума: Имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат
Кинематограферот на „Медена земја“, Самир Љума, е сместен во задолжителен државен карантин во хотел „Десарет“ во Охрид. Тој вчера пристигна од Мемингем во Скопје со авионски превоз во организација на Владата за враќање на наши државјани од странство.
Љума денеска на својот профил на „Фејсбук“ упати апел до сите да останат дома, оние кои се во карантин да не се бунат за условите, бидејќи ова е за доброто на сите.
„По вчерашното патешествие сакам да ви кажам дека имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат. Индивидуалци кои сè уште не разбираат дека се работи за реален проблем со кој се соочуваме и се однесуваат неодговорно, не само што го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на сите околу нив туку ги спречуваат и службите да ја вршат работата по одговорно. Шоферот од мојот автобус најверојатно поучен од претходните патници дека за’мир во куќа’ дозволил да се пуши, го направил тоа за да можат да издржат луѓето 6 часа од слегување од авион до карантин. Неизвесноста и нетранспарентноста за тоа каде ќе не сместат е исто така резултат на сите оние кои досега бегаат од карантин. Само што влеговме во дворот на ‘Десарет’ еден од патниците коментира ‘тууу ова е полициско одмаралиште, нема шанси да побегнеме’. Па замислете полицијата која работи на спроведување на лицата до карантин со што се сѐ соочува. Вода е неопходно да се обезбеди за патниците кои пристигаат со авиони и чекаат сместување во карантин. (следните кои патувате купете си за секој случај во авион цената во Визер е 180 ден за половина литар или 2.5евра) Ќе издржиме и повеќе од 2 недели карантин само да сме здрави и живи. Седете дома за да може пак да се гушкаме“, пишува Љума.
пишува тој.