Медиасет.мк

#ОХРИД

Уште гори Галичица, но пожарот е локализиран


И натаму е активен пожарот на планината Галичица. Рано утринава, согласно заклучоците на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипа составена од претставници на НП “Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид се упати на терен, за да направи увид на состојбата со пожарот на планината “Галичица” и да делува каде што има потреба.

„Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. Бидејќи на потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризен штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата. Остануваме во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали навремено ќе ја информираме јавноста“, вели Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид.

На почеток
error: