Медиасет

Ужас во Америка: Српски спортист се удавил во езеро за време на кросфит натпревар

Објавено на

Српскиот спортист Лазар Ѓукиќ, кој се натпреварувал во кросфит, се удавил за време на кросфит натпревар во Форт Ворт, Тексас, јавуваат тамошните медиуми.
Според наводите кои се појавиле на социјалните мрежи, Лазар изгубил воздух непосредно пред целта, за време на пливачкиот сегмент во локалното езеро и не успеал да исплива на копното.
Ситуацијата се развивала брзо, поради што биле потребни неколку минути за сите да сфатат дека Лазар Ѓукиќ не минал низ целта. Натпреварот потоа бил одложен, а гледачите биле замолени да ги напуштат местата за следење на натпреварот. По неколкучасовна потрага, телото на Лазар е извлечено од езерото.
На ова натпреварување учествуваат голем број спортисти од 33 земји, а турнирот започна во четвртокот.
Настанот во кој се случи немилиот момент има тркачки сегмент по кој следуваше 800 метри пливање во езерото.

Трендинг

Exit mobile version