Вакцината против коронавирусот од „Оксфорд“ не е безбедна бидејќи еден од учесниците при тестирањето имал лоша реакција, пренесуваат светските медиуми.
Финалното клиничко испитување на вакцината против Ковид 19, која ја развиваат на Универзитетот во Оксфорд и компанијата „Астра занека“, е прекинато поради опасноста од нуспојавите.
Од компанијата „Астра занека“ велат дека прекинатото тестирање претставува вообичаена пауза во случаите кај необјаснивите болести, пренесува Би-би-си.
Од таму велат дека вакцината се смета како една од подобрите што се развиваат во светот. Портпаролот од Универзитетот „Оксфорд“ изјавил дека за време големите тестирања се случуваат грешки и влошувања на состојбите кај некои од учесниците.
Ваквите случаи мора да се набљудуваат многу внимателно, додаваат од таму. Медиумите пренесуваат дека ова е вторпат тестирањето на вакцината да биде одложено и се претпоставува дека тоа ќе продолжи за неколку дена.
