Апликацијата Ватс-ап (WhatsApp) ќе воведе нова опција што овозможува пораките од телефоните на испраќачот и примателот да исчезнат сами од себе по седум дена.
Опцијата има за цел да ја заштити приватноста на корисниците, но примателите сè уште ќе можат да ги проследуваат и сликаат пораките, фотографиите и видеата што сакаат да ги зачуваат. Опцијата ќе им биде достапна на корисниците на крајот на ноември.
Марк Закерберг, извршен директор на Фејсбук, во април 2019 година најави воведување на неколку новини во апликацијата со цел корисниците да имаат поголема приватност, вклучително и опција за исчезнување на пораките.
Апликацијата Ватс-ап којашто е во сопственост на Фејсбук, ја користат над две милијарди луѓе ширум светот.