Медиасет

Вечерва започнува музичкиот викенд во Автокоманда ќе настапат Хари Мата Хари и Амадеус бенд

Објавено на

Вечерва и утре на плоштадот во Автокоманда, Општина Гази Баба ја организира големата музичка манифестација за храна, угостителство, туризам и култура „Вкусовите на Гази Баба” која ќе започне од 19:30 часот.

Од општината информираат дека за манифестацијата имаат подготвено богата музичка програма во која учество ќе земат естрадни уметници од Македонија и балканот.

За забавата на плоштадот во Автокоманда, вечерва скопјани ќе ги забавуваат Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и познатиот српски Амадеус бенд.

Додека утре – сабота, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Огнен Здравковски, Таско и балканската ѕвезда Хари Мата Хари.

Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани на добра музика за сите генерации, ладно пиво и квалитетна храна.

Трендинг

Exit mobile version