Медиасет

Веднаш избришете ги овие апликации, крадат банкарски податоци

Објавено на

Апликации кои биле преземени стотици илјади пати, го содржеле банкарскиот тројанец „Анаца“. Ги открила компанијата ThreatFabric, која за Bleeping Computer изјавила за кои апликации станува збор.

Најтаргетирани корисници се во Велика Британија, Чешка, Германија, Словачка, Словенија и Шпанија. Најпрво на мета беа само корисниците на Samsung, но подоцна и други.

Тоа се следните апликации:

1. Phone Cleaner – File Explorer
2. PDF Viewer – File Explorer
3. PDF Reader – Viewer & Editor
4. Phone Cleaner: File Explorer
5. PDF Reader: File Manager

Лажните апликации беа прикриени како апликации за читање PDF-датотеки или чистење на телефонот. Се верува дека тие биле преземени помеѓу 150.000 и 200.000 пати пред да бидат отстранети од Play Store и користеле процес од повеќе чекори за „заразување“ на уредите без интеракција со корисникот.

Трендинг

Exit mobile version