Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Вештачката интелигенција требаше да ни го скрати работното време, но се случува спротивното: Во технолошките компании се работи и по 90 часа

Медиасет.мк
пред 1 час
media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ
Photo by Emiliano Vittoriosi on Unsplash

Вештачката интелигенција требаше да ја зголеми продуктивноста и да им овозможи на луѓето да работат помалку, но во дел од најголемите технолошки компании се случува спротивното. Вработени во компании како Google, OpenAI и Meta опишуваат работна култура во која работната недела често надминува 40 часа, а во периоди на интензивна работа може да достигне и 90 часа.

Иако раководителите на технолошките компании со години најавуваат дека развојот на ВИ ќе донесе пократко работно време, вработените сведочат за сè поголем притисок, работа за време на викендите и долги работни денови.

Пред неколку години, директор во Google предвидел дека ВИ до 2025 година може да овозможи четиридневна работна недела. OpenAI, пак, оваа година јавно повика компаниите да тестираат пократка работна недела без намалување на платите.

Сепак, поранешен вработен во OpenAI за BBC изјавил дека компанијата не го тестирала тој модел во периодот додека работел таму. Наместо тоа, тој опишува работна средина со чести итни состаноци, работа за време на викендите и силен притисок околу оценувањето на перформансите.

Според неговите зборови, работел најмалку 70 часа неделно, додека во периоди на интензивна работа, познати како „спринтови“, работното време можело да биде уште подолго.

Слични услови, според сведоштвата на вработени, постојат и во други компании што се натпреваруваат во развојот на ВИ. Во OpenAI и Anthropic, работните недели за време на ваквите интензивни периоди можат да надминат 90 часа.

И Meta, во меѓувреме, ги пренасочува вработените кон итни проекти поврзани со ВИ. Поранешен вработен во компанијата го опишува процесот како „мобилизација“, бидејќи, како што тврди, вработените биле префрлани во нови тимови без реална можност да одбијат.

Работата во овие тимови, според неговото сведоштво, подразбира долги денови, работа до доцна во ноќта и за време на викендите.

Притисокот не ги засега само луѓето кои директно работат на развојот на ВИ. Амин Шали, кој во мај го напуштил Google, вели дека сè почесто морал да работи ноќе поради проблеми со интерните системи. Според него, ситуацијата се влошувала како што компанијата пренасочувала ресурси кон ВИ-проектите.

По напуштањето на компанијата, Шали вели дека му се подобриле здравјето и спиењето. Тој смета дека силното потпирање на ВИ создава дополнителен притисок врз инженерите.

Истражувањата исто така покажуваат дека зголемувањето на продуктивноста не значи автоматски и намалување на работното време. Студија од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, следела стотици работници во технолошка компанија и утврдила дека по воведувањето ВИ-алатки тие работеле побрзо, преземале повеќе задачи и поминувале повеќе часови на работа.

Истражувачот од МИТ, Нил Томпсон, објаснува дека заштеденото време често се пополнува со нови задачи. Дополнителен проблем е потребата човекот постојано да ги проверува резултатите што ги создава ВИ.

Така, технологијата што требаше да го намали обемот на работа може да создаде нови обврски – од проверка на резултатите и исправување грешки до развој и воведување на нови системи.

Наместо ветената четиридневна работна недела, дел од работниците во индустријата на ВИ денес се соочуваат со спротивниот тренд: повеќе задачи, поголем притисок и значително подолги работни недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

DSC_3615

Најголемиот огномет во историјата изведен во Вашингтон – влезе во Гинис

Вирално | пред 1 ден

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 1 ден

media-librarynmm28c7kfusecSt2Dit

Хакер украл податоци од над 100 милиони корисници и заработил милиони од уцени

Технологија | пред 1 ден

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања